Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вреди: ДУИ како да посакува ВМРО-ДПМНЕ да победи со над 60 пратеници
Македонија

Вреди: ДУИ како да посакува ВМРО-ДПМНЕ да победи со над 60 пратеници

28/04/2025

AA

Од коалицијата Вреди велат дека ДУИ како да посакувале ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните избори со над 60 пратеници.

„Најголемите гревови кон сопствениот народ ги прави ДУИ. Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Али Ахмети и Бујар Османи. Само политички аматери не може да предвидат дека на локални заедно со предвремени парламентарни избори, ова ВМРО-ДПМНЕ, во ваква кондиција, со ваква слаба опозиција, ќе биде апсолутен победник. Со мнозинство од повеќе од 60 пратеници.

Се додека во парламентарните комбинации нема двотретинско мнозинство без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата СДСМ и ДУИ нема право лажно да плаче за ЕУ перспективите. Малку му беше на ДУИ што меѓудругото и заради нивното криминално поведение во Владата на СДСМ, на минатите парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ од опозиција победи со 58 пратеници, сега и кога се во опозиција со лажните и манипулативни наративи за наводна деалбанизација уште повеќе ги зајакнува.

 Албанците не се наивни да веруваат во лагите на ДУИ. Тие бараат предвремени парламентарни избори за да издејствуваат “Пржинска Влада”, во која министер за внатрешни ќе даде нивниот политички контролор СДСМ. Ахмети во тој период од 100 дена гледа шанса да ги уништи доказите за корупција за неговите поранешни функционери.

Ако нема предвремени парламентарни избори ДУИ не сака да оди само на локални избори. Зошто? Затоа што 22 години одеа на избори од позиција на власт, со злоупотреби на МВР, со уцени на вработени во администрација, купуваа гласови со народни пари, полнеа гласачки кутии, ја фаслификуваа волјата на гласачите. 

Сега се уплашени. Коалицијата ВРЕДИ ќе ги победи на слободни, фер и демократски локални избори. Граѓаните ќе ги вратат во реалноста. Конечно, ќе се соочат со за нив многу суровата реалност. 

Без програмска и кадровска реформа нема што да бараат од гласачите!“, велат од Вреди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy