Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВРЕДИ: Албанците нема да му простат на Османи за неговите непростливи ставови за „Монструм“
Македонија

ВРЕДИ: Албанците нема да му простат на Османи за неговите непростливи ставови за „Монструм“

27/03/2024

AA

Од албанската опозиција Вреди велат дека како што предупредувале и претходно кога објаснувале кој е Бујар Османи, дошло време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што ги искажувал во минатото.

„Многу греши ако мисли дека се заборавени и дека сега никој нема да се сеќава што направил и што рекол. Всушност, некои од неговите постапки никогаш нема да бидат заборавени.

Денеска се потсетуваме на неговите непростливи ставови за таканаречениот случај „Монструм“, случај кој за жал и до ден денес нанесе неизлечливи рани. Тоа време, овој Бујар Османи – во улога на портпарол на ДУИ, се појави пред камерите и без трошка срам, без воопшто да поцрвене и без грижа на совест, ја измами целата јавност. Така, на прашањето „Каде е еден од обвинетите во случајот, Хаки Хазири, тој рече: „Нашите информации велат дека не е во ниту една државна институција, тој контактира со семејството и по своја волја е исчезнат.”

Ова беше скандалозна изјава, бидејќи многу брзо се дозна дека Хаки Хазири бил задржан од органи на тајните служби во тајни институции и кон него се извршил притисок да соработува и да биде сведок во случајот наречен „Монструм“. Додека она што следеше подоцна е поглавје само по себе, за кое ДУИ дефинитивно еден ден ќе треба да даде одговорност.

Меѓутоа, прашањето што се поставува е: „Може ли да му веруваме на овој човек кој за ниски лични интереси продава се национално и се осмелува да мами без да поцрвене?“.

За среќа, Албанците не забораваат. Затоа, дојде време луѓето инкриминирани во антинационални постапки, да бидат казнети преку гласање, како најдобар инструмент за одвојување на измамникот од чесниот“, велат од Вреди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СУДИЈАТА КАТЕВЕНОВСКИ БИЛ РАЗРЕШЕН ЗАШТО НЕ ГИ ИСПОЛНИЛ НАРАЧКИТЕ НА

21/02/2026
Македонија

ЗАБРАНА ЗА ДВЕТЕ ФИРМИ ШТО ВРШАТ ИСКОП КАЈ ИЗВОРОТ ШУМ

21/02/2026
Македонија

СКАНДАЛ СО ВОДАТА ВО СТРУГА: Фирми од Велешта нелегално копале

21/02/2026
Македонија

ВИКЕНДОВ ПОСТУДЕНО И ВЕТРОВИТО На планините ќе провејува снег

21/02/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на

21/02/2026
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41738
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СУДИЈАТА КАТЕВЕНОВСКИ БИЛ РАЗРЕШЕН ЗАШТО НЕ ГИ ИСПОЛНИЛ НАРАЧКИТЕ НА ЗАЕВ Ете како работел судот

21/02/2026

Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на

ЗАБРАНА ЗА ДВЕТЕ ФИРМИ ШТО ВРШАТ ИСКОП КАЈ ИЗВОРОТ ШУМ Осомничени се за загадување на

21/02/2026

Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето

СКАНДАЛ СО ВОДАТА ВО СТРУГА: Фирми од Велешта нелегално копале карпи и ги загадиле изворите

21/02/2026

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга е на чекор до расчистување на случајот со енормното загадување на водата за пиење во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy