
Вработениот го вметнал телефонскиот број: Апелациски суд Гостивар плаќал сметка на лице од Скопје
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Т.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
На 07.09.2022, пријавениот – вработен како менаџер за деловни корисници во мобилен оператор од Скопје, изготвил претплатнички договор склучен помеѓу операторот и Апелационен Суд Гостивар за мобилна претплатничка линија, мобилна телефонија и интернет за вкупно 16 претплатнички телефонски броеви кои ги користеле вработени службени лица во Апелационен суд, во кој вметнал и телефонски број кој извесен период го користело лице од Скопје, при што во периодот од октомври 2022 година до август 2023 година во месечната фактура на име на Апелационен суд Гостивар се наплатувала и фактурата за бројот на лицето од Скопје.
Со ваквите дејствија пријавениот го оштетил Апелационен Суд Гостивар за сума од 23.343 денари.