Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто
Економија

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

27/11/2024

AA

Вработените во Агенцијата за електронски комуникации, кои ионака важат за едни од најплатените во земјата, тријат раце, бидејќи според објавениот финансиски план за 2025, нивните плати треба да се зголемат во просек за 20 отсто.

Ако според планот, за вработените на АЕК во 2024 за бруто-плати ќе се потрошат 202 милиони денари (3,3 милиони евра), во 2025 за тоа се предвидени 242 милиони денари (безмалку 4 милиони евра) кај Регулаторот кој своето работење го финансира најмногу од телекомските оператори.

Посебно издвоена ставка, надвор од овие трошоци за платите на вработените, се надоместоците за ангажманот на петчлената Комисија, која функционира како своевиден Управен одбор на АЕК. За петтемина избраници кои ги водат седниците и ги донесуваат одлуките се предвидени 11 милиони денари, наместо досегашните 10,6 милиони денари. Тоа значи дека секој член во просек ќе добива месечно бруто-плата од 3..000 евра, доколку истата ја добива во текот на целата следна година.

За нови членови на Комисијата преку Собранието се избрани бизнисменката Анкица Трпковска, за која опозицијата реагираше дека ги нема соодветните квалификации и дека е во семејна релација со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Понатаму тука се претседателката на унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анѓелка Диневска, поранешниот министер за информатичко општество од Алтернатива, Адмирим Алити и потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов. Од претходниот состав на комисијата останува само Насер Адеми, економист кој ги водел финансиите на Општина Чаир до 2021 година, кога влегува во комисијата на АЕК.

Инаку, околу 1.050 евра е просечната месечна нето плата што ја делел лани регулаторот на телекомуникациските оператори во земјата за своите 140 вработени. Ова го покажува пресметката од финансискиот извештај за 2023, каде што е објавено дека за нето-платите на вработените биле потрошени 107,2 милиони денари, односно за 4,65 отсто повеќе во однос на една година претходно.

Во завршната сметка пишува дека просечната вработеност во последниот месец од годината била 140. Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во извештајот за работа наведува дека зголемениот трошок за платите се должи на зголемениот број на вработени, но не пишува за колку. Ова значи дека, ако бројот на вработени остане ист, нето-платите во АЕК од 1.050 евра во 2023, за две години ќе се зголемат во просек на повеќе од 1.500 евра по вработен во 2025.

АЕК повремено објавува огласи во кои што се нуди почетна плата и до 90.000 денари, а понекогаш се бараат и работници без почетно искуство. Само пред година и пол дена бројот на вработени беше 120.

Претходно медиумите лани објавија дека АЕК важи за институција која вработува сопруги на поранешни и актуелни функционери. Таму работеле сопругата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потоа сопругите на поранешните генерални секретари на владата – Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер, итн. Таму работи и снаата на шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази, како советник за компјутерски инциденти. Една година претходно таму се вработи и наставничка од музичкото училиште од Битола како соработник за информатички технологии.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy