Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вработена на кардиохирургија со шокантно сведоштво: Животот ми е уништен по мобингот од д-р Јовев
Македонија

Вработена на кардиохирургија со шокантно сведоштво: Животот ми е уништен по мобингот од д-р Јовев

21/11/2023

AA

Животот ми е уништен. Немам постојана адреса на живеење, а менувам често и телефонски број поради заканите кои ги добивам. И мојата ќерка ги чувствува последиците. Вака во телефонски разговор за 4NEWS.mk раскажува Верче Стојкоска медицинска сестра од Клиниката за кардиохирургија.

Кога ја контактиравме, се сoмневаше дали навистина новинар е од другата страна, па побара да разговараме по телефон, со дополнителни проверки.

„Понекогаш сè уште мислам дека е тука“, ни рече Стојкоска вознемирена од работните моменти поминати со поранешниот директор на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев.

Докторот кој сега е разрешен од функцијата, претходно беше дел од тимот кој спроведуваше неколку успешни трансплантации на срце. При разрешувањето министерот за здравство Фатмир Меџити со ниту еден збор не ја спореше неговата стручност, но кога станува збор за менаџирањето со еден колектив, тогаш спомена и мобинг.

На почетокот од октомври, објавивме видео снимка на која се гледа како д-р Јовев физички и вербално ги напаѓа колегите на кардиохирурхија.

„Тоа на снимката не беше прв пат. Со мене беше трето случување. На 26.06, 04.07 и 18.09. Од него како директор имам многу мобинг наназад. Кога ќе ме видеше фрлаше со инструменти по мене. Имаше и обиди кога сакаше физички да ме нападне“, се сеќава Стојкоска.

Неколку пати досега случајот е пријавуван во полиција, а Јовев бил повикан да даде исказ. Но малтретирањето според сведоштвото продолжило, па во една прилика ѝ се заканил дека ќе ја убие.

На работното место како што вели Стојкоска често добивала намалување на плата, а имало и барање за суспендирање. Во октомври и ноември минатата година ѝ биле исплатени само 4.000 денари.

„Морав да молчам, беше директор. Иако барав и сакав да разговарам со него. Јас сум на 50 години, каде да барам друга работа?!“, ни раскажа Стојкоска.

Јовев често ги казнувал и докторите, со намалување на платите за 20%. Во решенијата најчесто пишувало поради „дисциплинска неуредност“, или „јавна опомена“. Казнети биле докторите Марија Котевска Анѓушев, Марјан Шокаровски (сегашниот директор на Клиниката), Вангел Здравески…

Она што во овие случаи е интересно е што не бил почитуван член 187 од Законот за здравствена заштита според кој треба да се формира дисциплинска комисија, по што работоводниот орган треба да го потпише решението за дисциплинската мерка. Во овој случај, според казнетите, таа постапка воопшто не била почитувана.

Во врска со разрешувањето на Јовев, Меџити во неколку наврати во почетокот на јуни изјави дека овој негов потег се должи на „констатирани злоупотреби од страна на инспекција. Нема да дозволам да има директори кои 5 до 10 години не доставиле никаков извештај и немаат ништо сработено. Не работиме напамет, имавме сознанија и имавме од одредена клиника поплаки за мобинг и други злоупотреби. Но да не ја мешаме професионалноста како лекар и како директор. Тука станува збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Сакам да отфрлам каква било инсинуација дека разрешувањето има политичка позадина“, рече Меџити.

Д-р Јовев по објавената снимка во медиумите, не даде свој коментар. Во разговор за Фокус, ги кажа своите гледишта за неговото разрешување.

„Пред една недела отворавме хибридна сала и слободно можам да кажам дека е единствена ваква во регионот. Меѓутоа, на самиот настан требаше да присуствуваат премиерот Димитар Ковачаевски и министерот Меџити. Двајцата кажаа различни термини на кои им одговара денот кога да се официјално пушти во употреба хибридната сала, но премиерот инсистираше на одреден датум со оглед на бројните активности што ги има. Се одлучивме за таа дата и тука се налути министерот, кој не се појави на самиот настан“, тврди доктор Јовев за „Фокус“.

Доктор Јовев долги години управуваше со кардохирургија и  еден од наградуваните лекари. Тој лани беше меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес во државата. Претходно ја доби наградата  за животно дело „Гемиџиите“ на Општина Велес, а беше и дел од тимот наградени со „13 Ноември“ на Град Скопје. Првата трансплантација на срце беше изведена на 23 мај 2020, оттогаш има изведено вкупно осум пресадувања на срце.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy