
Вработен во М-НАВ со непознати лица влегло во институцијата и нападнало колеги
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека попладнево вработено лице во М-НАВ со непознати лица влегле во институцијата и нападнале тројца други вработени.
„Денеска (04.01.2024) околу 15.15 часот во ПО Петровец лице вработено во МНАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.