Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Возовите осми ден стојат во место, но Битиќи вели дека нашите деца ќе имаат европска железница и иднина во Македонија
Македонија

Возовите осми ден стојат во место, но Битиќи вели дека нашите деца ќе имаат европска железница и иднина во Македонија

07/04/2023

AA

Дури и во модерната ера со напреден воздушен транспорт и други системи, возовите остануваат многу важен начин на транспорт за многу видови стоки, и затоа инвестирањето во железницата е паметна инвестиција, кажа во неговиот говор заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на конференција по повод 150 години железници.

Вицепремиерот Битиќи во рече дека возовите се витален начин на транспорт за движење на стоки низ светот, а бидејќи бизнисите продолжуваат да бараат начини да ги оптимизираат нивните синџири на снабдување и да ги намалат трошоците, возовите ќе останат важен дел од транспортниот екосистем.

„Владата на Република Северна Македонија ги препознава предностите на железничкиот сообраќај и токму затоа не изостанува нашата поддршка за железницата преку државниот буџет, а со изградбата на железничкиот Коридор 8 кон Бугарија си градиме и европска иднина за нас но и за Железницата“, изјави Битиќи.

За вицепремиерот оваа инвестиција за нашите компании значи нови европски пазари, преку поекономичен превоз, воспоставува регионално поврзување со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и Драч во Албанија, што е од исклучителнаважност за нашата економија но и генерално за соработката на регионот во целина.

„Изградбата на оваажелезничкапруга од Кумановодо-Крива Паланкапа се до границата со Република Бугарија, инвестиција од преку 600 милиони евра е сериозе нчекор во развојот на регионалната железничка мрежа, и показател на посветеноста на оваа Влада за изградба на ефикасна железничка инфраструктура што на нашите компании ќе им биде голема помош за пласирање на нивните производи на странските пазари“, рече Битиќи и порача во името на децата за кои рече дека го разубавија јубилејот особено со пеењето на химната со љубов, срце и почит кон татковината, и им вети дека во наредните 10 години ќе им обезбедиме европска иднина и европска железница.

Генералниот Директор на Јавното претпријатие „Железници Инфраструктура“, Хари Локвенец во неговиот говор рече дека 700 километри пруга во нашата земја ќе се зголемат за 20 проценти со градбата на планираните нови 150 километри од Коридорот 8.

„Инвестициите имаат за цел да ја вратат железницата на вистинското место и да обезбедат поквалитетен живот на граѓаните и да придонесат за македонската економија и нејзината конкурентност. Конкурентноста подразбира дека една од варијаблите е квалитетен и евтин транспорт што железницата може да им го понуди на своите корисници“, рече Локвенец.

Во неговото обраќање шефот на одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин акцентот го стави на потребата за железничка конекција со Албанија и Бугарија.

„Денес во 2023 фокусот останува ист како и пред 150 години, бидејќи железницата игра многу значајна улога во економскиор развој на секоја држава преку транспорт на стока и на луѓе и креираат работни места. Денес гледаме дека нема железничка конекција со Албанија на запад и со Бугарија на Исток, и затоа треба максимална заложба да се изградат“, изјави Худолин.

Во меѓувреме додека Македонија слави 150 години јубилеј на Македонски железници, возовите во земјава веќе осми ден стојат во место.

Вработените во Македонски железници – транспорт бојкотираат од минатиот петок, а денеска имале прва средба со новиот директор, Зуљхајрат Демири, каде им било вретено дека вториот дел од февруарската плата ќе им биде исплатен најдоцна до вторник.

Дотогаш, вработените остануваат на ставот да ја бојкотираат работата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy