
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Страшен пад на познат скијач со брзина од 145 км/ч, хеликоптер го пренесе во болница
Од Венген ни доаѓаат шокантни сцени. На култниот швајцарски ски-центар денеска се одржа спуст, а сите ги вознемири падот на Александар Аамод Килде.
Одличниот норвешки скијач падна со брзина од 145 км/ч и се заби во заштитната шина. По падот, навивачите замолкнаа во финишот, а неговите колеги се држеа за глава, веднаш се виде дека не е баш добро.
Хеликоптер брзо пристигнал да го земе, а според ТВ снимките Килд останал при свест, но имал големи болки.
Тој успеал да го придвижи горниот дел од телото, а лекарите му го стабилизирале коленото за што поскоро да биде пренесен во болница.