
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО! Наставник удира аутистично дете по глава и го носи за нозе!
На социјалните мрежи се појавија снимки од малтретирањето на момчето, откако родителите побарале од едно училиште во САД да објави сè од безбедносната камера.
Родителите на тригодишното дете со аутизам објавија видео на кое се гледа како вработен во образовна институција го удира нивниот тригодишен син во глава, а потоа го носи наопаку во ходникот додека го држи за нозе.
„Директорот не ни ја кажа целата вистина“
На својата Фејсбук страница, Танеша Линдзи сподели снимки од безбедносните камери од ходниците на Центарот за рано учење Роза Паркс во Дејтон, снимени на 21 август. Таа рече дека директорот на училиштето првично и рекол дека нејзиниот син Брајлен бил „врзан“ од вработен, но снимката од безбедносните камери покажува сосема поинаква слика. По инцидентот, вработениот дал отказ.
На видеото се гледа Брајлен како трча низ ходникот. Вработениот најпрвин го брка, а потоа го удира со тупаница во главата, по што тригодишното дете паднало на земја. Потоа вработен во училиштето го носи Брајлен наопаку за глуждовите, пренесува NBC News.
“Директорот не ни ја кажа целата вистина. Како што можете да видите, беше многу полошо од тоа”, рече Линдзи. Адвокатот на родителите, Мајкл Рајт, рече дека училиштето го лажело семејството. Тие не беа транспарентни и мора да сносат одговорност“, рече тој.
Не го добија целиот клип
Линдзи рече дека морала да испрати три мејлови до училиштето пред да и го дадат видеото. Видеото го добила дури на 11 септември, три недели по инцидентот, но не го добила во целост. “Зошто Брајлен така бегаше од него? Не знам. Не знам бидејќи отсекоа дел од видеото”, им рекла мајката на новинарите.
Училишната област засега не го објави името на училишниот вработен. Семејството на тригодишното момче бара тој да биде уапсен и изведен пред лицето на правдата.
