
Возило на „Национални шуми“ се користи за дотур на роба во кафеана во Дебар Маало
Службено возило на Јавното претпријатие „Национални шуми“ денеска претпладне било фотографирано на улицата „Боемска“ во скопско Дебар маало како врши дотур на роба во еден од угостителските објекти.
Според директорот на ова претпријатие Валентин Груевски, возачот задолжен за возилото е даден на дисциплинска постапка.
Тој во изјава за „360 степени“ истакнал дека е запознаен со случајот и дека станува збор за злоупотреба на службено возило за приватни цели.
