
ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО, ВИДЛИВОСТА Е НАМАЛЕНА И ДО САМО 50 МЕТРИ Магла на патиштата во Македонија

Автомото сојузот на Македонија ги предупредува возачите да возат внимателно, зато што поради густата магла видливоста е намалена од 100 до 200 мети на правците Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Демир Капија. Магла со видливост до 50 метри има на правците Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – Македонски Брод – Кичево и Дебар.
Интензитетот на сообраќајпт на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, индормира АМСМ.
.

