Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!
Македонија

Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!

05/10/2025

AA

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница, за кои постои сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 4 октомври, околу 2 часот по полноќ, осомничените пренесувале вкупно 110,31 грама наркотична дрога кокаин. Нивниот автомобил БМВ полицијата го забележала на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на клучката за Брвеница, и бидејќи се движеле нестабилно, со цик цак движења, полициските службеници им дале сигнал да застанат. Кога подзапреле, едниот осомничен се обидел од под совозачкото седиште да исфрли ќеса со дрога, но полицајците го спречиле во намерата. Освен дрогата, кај осомничените била пронајдена и дигитална вага со траги од кокаин и поголема сума парични средства, односно 206 000 денари и 1150 евра во различни апоени, кои поради сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога привремено се одземени.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за едниот осомничен, додека за другиот се предложени мерки на претпазливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ РАСИПЕ В НЕДЕЛА ОД понеделник почнуваат врнежи

17/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СО „14-0“ ГО ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА Што

17/09/2026
Македонија

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО Така Македнија би добила

17/09/2026
Македонија

📽️ НЕМА ИМПРОВИЗАЦИИ, ОВАА ВЛАДА ИСПОРАЧУВА Партнерството со САД е

17/09/2026
Македонија

СМЕНЕТА ЦЕЛА ЕДИНИЦА НА БЈБ ВО КУМАНОВО ЗА БОРБА ПРОТИВ

17/09/2026
Македонија

ЗДРУЖЕНИЕТО ОМО – ИЛИНДЕН ПИРИН EКСПРЕСНО Ѝ ОДГОВОРИ НА ЈОТОВА

17/09/2026
Македонија

СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО КРАЈОТ НА

17/09/2026
Македонија

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО

17/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45654
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ РАСИПЕ В НЕДЕЛА ОД понеделник почнуваат врнежи и постепено заладување

17/09/2026

Времето в петок, 18 септември, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

МИЦКОСКИ СО „14-0“ ГО ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА Што е со пресудите за Македонците

17/09/2026

„14 спрема нула“ – со оваа формулација премиерот Христијан Мицкоски во интервју во Атлантскиот совет во Вашингтон го отвори прашањето

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО Така Македнија би добила гаранции дека нема да има

17/09/2026

Уставните измени да се донесат веднаш, но нивното дејство да се одложи до крајот на преговорите со Европската Унија. Ова

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy