
Возел со 2,70 промили алкохол: Македонец уапсен во Србија!
Сообраќајната полиција во Врање, Србија на автопатот кај Прешево сопрела државјанин на Северна Македонија (57), кој возел со 2,70 промили алкохол во системот, соопшти денес полициската управа. Тој бил запрен при редовна сообраќајна контрола. Возачот е приведен, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.
