Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Возел пијан и без возачка дозвола, кога ја усмрти девојката на „Партизанска“
Магазин

Возел пијан и без возачка дозвола, кога ја усмрти девојката на „Партизанска“

30/01/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за –Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 20-годишник, на 29 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственсот на неговиот татко по десната сообраќајна лента од бул.„Партизански Одреди“.

Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.

Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, сооопшти Обвинителството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУПЧО ЗЛАТЕВ АПЕЛИРА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ДА ГО ПРЕИСПИТА АНГАЖМАНОТ НА

03/11/2026
Македонија

РЕТРОГРАДНИ И ОПАСНИ СТАВОВИ НА БОГОЈЕСКИ На жената не ѝ

03/11/2026
Македонија

ПОКАЧУВАЊЕ ЗА 10% НА ПЛАТИТЕ ВО АРМИЈАТА И ВО ОДБРАНАТА

03/11/2026
Македонија

ЛДП БАРА ВЛАДАТА ДА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД КОАЛИЦИСКИОТ ПАРТНЕР БОГОЈEСКИ Неговиот

03/11/2026
Македонија

СДСМ И ФИЛИПЧЕ МОЛЧЕА ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, СЕГА ГЛУМАТ ЗАГРИЖЕНОСТ

03/11/2026
Македонија

ИСХОДОТ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ВЛАДИНАТА

03/11/2026
Македонија

ЗА ПАРИ ИМ МЕНУВАЛ ОЦЕНКИ НА СТУДЕНТИ ОД ТУРЦИЈА Претреси

03/11/2026
Македонија

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46531
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУПЧО ЗЛАТЕВ АПЕЛИРА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ДА ГО ПРЕИСПИТА АНГАЖМАНОТ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ Како може човек

03/11/2026

Уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, упати јавен апел до раководството на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ да ја преиспита

РЕТРОГРАДНИ И ОПАСНИ СТАВОВИ НА БОГОЈЕСКИ На жената не ѝ треба надзор, реагира Митева

03/11/2026

Марија Митева, владината портпаролка и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за

ПОКАЧУВАЊЕ ЗА 10% НА ПЛАТИТЕ ВО АРМИЈАТА И ВО ОДБРАНАТА Мисајловски го оцени зголемувањето како

03/11/2026

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска соопшти дека платите на вработените во армијата и во одбраната ќе бидат покачени за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy