Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Воздух или смрт“: Струмичани на масовен протест против индустриското загадување и институционалниот молк
Македонија

„Воздух или смрт“: Струмичани на масовен протест против индустриското загадување и институционалниот молк

24/01/2026

AA

Под мотото „Воздух или смрт“, граѓаните на Струмица денеска излегоа на масовен протест, револтирани од алармантното загадување кое го рангираше нивниот град како седми најзагаден во Европа за 2023 година. Струмичани упатија остри пораки до надлежните, обвинувајќи ги за директно соучесништво во уништувањето на здравјето на народот заради бизнис интереси.

Од говорницата беше порачано дека отровниот воздух во градот не е случајност, туку резултат на намерно непостапување на институциите. Учесниците на протестот посочија дека индустриските капацитети од А и Б категорија, како и малите и средни претпријатија, секојдневно испуштаат тешки метали и прашина без соодветни филтри.

„Ова не е грешка, ова е убиство со умисла,“ се слушна на протестот. Беше потенцирано дека одредени компании користат петролкокс – нафтен отпад кој при согорување ослободува исклучително опасни материи. Граѓаните прашаа зошто нема засилена контрола и каде се резултатите од мерењата на емисиите од печките на овие капацитети.

Говорниците упатија тешки обвинувања до надлежните инспекторати и власта, тврдејќи дека законите не се спроведуваат затоа што компаниите-загадувачи донираат, лобираат и вршат притисоци врз носителите на одлуки.

„Загадувањето на воздухот, водата и почвата не е несреќа, тоа е бизнис од лукративни побуди. Овој град им припаѓа на луѓето кои дишат, а дишењето не е луксуз што треба крваво да го платиме, туку основно човеково право“.

Струмичани побараа итна реакција и затворање на сите компании кои ги кршат еколошките правила. Тие порачаа дека борбата за здрава животна средина е борба за нивните деца и родители кои веќе се разболуваат од канцерогениот воздух.

Протестот заврши со силни извици „Воздух!“ и „Сега!“, со јасна порака дека граѓаните нема повеќе да толерираат институционална рамнодушност додека се борат за својот живот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy