
„ВОЗАЧОТ НЕ ГО УДРИЛ, САМ СЕ ПОВРЕДИЛ“: ЈСП со демант за инцидентот во Бањани – сведоци тврдат дека немало ќотек
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје излезе со своја верзија за вчерашниот инцидент во скопското село Бањани, каде беше пријавено дека возач на автобус претепал 79-годишен старец. Од претпријатието тврдат дека физички напад немало.
Случајот ја бранува јавноста откако во полицискиот билтен беше нотирано дека возачот му нанел тешки телесни повреди на патникот. Сепак, ЈСП по извршените внатрешни проверки, тврди дека вистината е поинаква.
Од ЈСП Скопје велат дека разговарале со возачот и со очевидци на настанот.
Наспроти тврдењето на ЈСП, во СВР Скопје вчера (09.01.2026) околу 08:30 часот беше пријавено насилство. Според пријавата, М.В. (79) од Бањани бил физички нападнат од Г.Г., возач на автобус со број 61. Според првичните информации во медиумите, старецот се здобил со тешки телесни повреди по расправијата која настанала откако се симнал од автобусот.
Од претпријатието апелираат да не се шпекулира додека не заврши истрагата, но најавуваат строги санкции доколку се докаже спротивното.
Надлежните институции работат на утврдување на точните факти – дали повредите на 79-годишниот скопјанец се од пад или од удар.
