Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Возачот на моторот кој го прегази Југослав на кејот на Вардар призна вина: „Големо сочувство за фамилијата, да можам да сменам нешто, би направил“
Македонија

Возачот на моторот кој го прегази Југослав на кејот на Вардар призна вина: „Големо сочувство за фамилијата, да можам да сменам нешто, би направил“

10/10/2025

AA

Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, го прегази Југослав Николовски (68), денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина.

Дваесет и петгодишниот Фатон Нури пред Судот призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека за делото „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ ќе се брани и ќе предложи докази.

„Се чувствувам виновен за сообраќајката, која не би сакал да ѝ се случи на никој. Големо сочувство за семејството. Да можев да сменам нешто, би направил. Што се однесува до помошта, давам помош и давам. Да има камери таму… Се изјаснувам дека сум помагал на покојникот и за тоа не се чувствувам виновен“, изјави Нури.

Одбраната побара одложување на денешното рочиште за да се завршат вештачењата и останатите докази, како и да се изведат сведоци за второто дело. Судот ја раздвои постапката: за првото дело, за кое обвинетиот призна вина, рочиштето е закажано за 24 октомври, а за второто дело, судењето ќе продолжи на 11 ноември.

Обвинителката истакна дека обвинителството ќе докаже дека на 1 јули обвинетиот со незаконско управување на мотоцикл без возачка дозвола на пешачка патека предизвикал сообраќајна незгода во која Југослав Николовски се здобил со тешки повреди на кои подоцна им подлегнал.

„Обвинетиот, иако Дедо Љубе лежел облеан во крв, го оставил мотоциклот и го напуштил местото на несреќата. Сопатникот на мотоциклот, иако повреден, останал на местото додека да дојде увидната екипа“, рече обвинителката.

Семејството на починатиот најави барање за оштета, додека сопатникот на моторот не побара отштета и не се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетиот.

На 1 јули, Фатон Нури управувал мотоцикл „Кавасаки“ без регистарска табличка по пешачката патека покрај зграда на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“. Тој не ја приспособил брзината, управувал без возачка дозвола и на недозволено место, при што левиот страничен дел од мотоциклот удрил во пешакот Југослав Николовски. При ударот, Николовски останал повреден на патеката, а возачот и сопатникот паднале на коловозот. Пешакот се здобил со тешки повреди, поради кои починал наредното утро, додека сопатникот имал полесни повреди. Наместо да им укаже помош, осомничениот го напуштил местото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy