Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат бесплатни
Македонија

Возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат бесплатни

13/02/2024

AA

Замената на возачките и сообраќајните дозволи поради промената на уставното име од утре ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на нашите државјани во странство, а треба да се вратат поради промена на личните документи.

Во државите каде нема дипломатско конзуларни претставништва издавањето на патните листови ќе биде он-лајн и со достава преку пошта.

„Од денеска го задолживме Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите правни акти за да постапи, а тоа возачките и сообраќајни дозволи за сите граѓани на РСМ коишто треба предвремено да се сменат да бидат без надомест. Министерството за надворешни работи, пак, треба да преземе активности издавањето на патните листови за сите граѓани коишто живеат надвор од територијата на Северна Македонија кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи надоместот за патните листови да биде нула или ќе биде без надомест за нив. Дополнително, МНР исто така се задолжи да преземе активности соодветно издавањето на патните листови во државите каде што нема ДКП-а да биде направено онлајн и да бидат испратени по пошта за да нашите граѓани кои живеат надвор од територијата немаат дополнителни трошоци за да го добијат патниот лист“, рече Битиќи.

Бојмацалиев пак истакна дека од утре на товар на МВР ќе се врши промена на возачките и сообраќајните дозволи со старото уставно име.

„Службите во МВР веќе ги изготвуваат сите интерни акти што ќе бидат потпишани од мене и од министерот за внатрешни работи“, рече Бојмацалиев.

Тој најави дека вработените во управните служби ангажирани во промената на документите утре ќе добијат по една плата во висина на последната исплатена плата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

36-годишник од САД физички нападнал полицајци на наплатната станица Демир

23/02/2026
Македонија

Се бара враќање на автономијата – реакции на предлог-законот за

23/02/2026
Македонија

Куќен притвор за Артан Груби и одземање на пасош

23/02/2026
Македонија

Малолетник физички нападнат од врсници во Скопје

23/02/2026
Македонија

🎥 ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРУБИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО Изведен е пред

23/02/2026
Македонија

Калајџиев за „Сејф Сити“: Шансата да прегазам некого сега кога

23/02/2026
Македонија

Кривична пријава за кражба на дрва во Македонски Брод –

23/02/2026
Македонија

ФОТО Одрон во тунелот на патот Скопје–Велес

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41827
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

36-годишник од САД физички нападнал полицајци на наплатната станица Демир Капија

23/02/2026

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.С.(36) од САД поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз

Се бара враќање на автономијата – реакции на предлог-законот за високо образование

23/02/2026

Јавната расправа за Предлог-законот за високо образование отвори прашања поврзани со организацијата, управувањето и степенот на самостојност на државните универзитети.

Куќен притвор за Артан Груби и одземање на пасош

23/02/2026

Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy