Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВОЗАЧИ ПОЧЕКАЈТЕ ЗА ДА ПОЛНИТЕ ГОРИВА – по полноќ нови пониски цени, РКЕ со нова одлука
Економија

ВОЗАЧИ ПОЧЕКАЈТЕ ЗА ДА ПОЛНИТЕ ГОРИВА – по полноќ нови пониски цени, РКЕ со нова одлука

03/03/2025

AA

Горивата имаат нови цени по денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република
Северна Македонија. 

Овој пат РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 2,10 проценти во однос на претходната одлука.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка
бележат намалување во просек: кај бензините за 4,069 отсто, кај дизелот за 3,550 проценти, кај екстра лесното масло
е за 3,449 отсто и кај мазутот намалувањето е за 3,527 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е понизок за 0,0892 отсто – појаснуваат од комисијата во соопштението. 

Воедно од РКЕ посочуваат дека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,226 денари за килограм. 

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.3.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – се укажува во соопштението. 

По полноќ највисоките цени по кои ќе можат да се продаваат нафтените деривати ќе изнесуваат:
М

– Еуросупер БС – 95 по цена од 77,50 денари за литар

– Еуросупер БС – 98 ќе чини 79,50 денари за литар

– Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 72 денари за литар

– Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1) ќе чини 71,50 денари за литар

– Мазут М-1 НС ќе чини 44,952 денари за килограм. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy