
Возач лишен од слобода кај Гостивар поради безобѕирно престигнување
На 19 април 2025 година, околу 12:10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода 59-годишниот Ф.С. од селото Ливада, струшко. Настанот се случил на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, кога возачот со патничко возило „фолксваген“ со струшки регистарски таблици извршил опасно престигнување на подолга колона, со што ја загрозил безбедноста во сообраќајот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „Безобѕирно управување со моторно возило“.

