Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Возач излетал од патот Велес-Штип, спасен со мобилниот телефон кој испратил автоматска порака до бројот 112
Магазин

Возач излетал од патот Велес-Штип, спасен со мобилниот телефон кој испратил автоматска порака до бројот 112

29/07/2023

AA

Возач кој со возилото излетал од магистралниот пат Велес – Штип е спасен благодарение на тоа што од неговиот мобилен телефон е испратена говорна порака на аглиски јазик до Единствениот европски број за итни случаи 112.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека повикот е примен рано утринава во 04:20 часот и согласно процедурата, веднаш се забележани координатите на локацијата од каде што е примен повикот по што почнала итна проверка на вистинитоста на повикот во соработка со Министерството за внатрешни работи. 

– Според првично собраните („автоматски“) информации во ЦУК, претпоставка било дека се работи за сообраќајна незгода којашто се случила на територија на село Чалошево, на три километри по магистралниот пат во правец Велес – Штип. Триесетина минути подоцна од МВР е добиена официјална потврда дека повикот е вистинит и дека се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат Велес – Штип, сега со поконкретен теренски опис дека тоа е близу на „Уни Агро“ и дека во излетаниот автомобил има повредено и заглавено лице, информираа утринава од ЦУК.

По извлекувањето на повреденото лице, тоа е однесено во болница во Велес, а потоа, најверојатно заради сериозноста на повредите е пренесено во Хируршките клиники во Скопје.

– Ова е редок пример за спасување лице кое не е можност да се јави, а мобилниот телефон автоматски испраќа порака за можна случена сообраќајна несреќа на 112.  Со повикот се добиваат и координати за локација на возилото, односно повреденото лице како во случајот и најпрво се врши проверка на реалната ситуација, а потоа во согласност со ситуацијата и извлекување и спасување на повреденото лице, велат од ЦУК.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy