
Воз удри во комбе во Куманово – повредени неколку лица
Рано утрово возот кој сообраќал на релација Скопје-Табановце во близина на железничкиот премин кај селото Лопате удрил во комбе, објави Куманово њуз.
Според привичните информации повредени се две лица.
„Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Железничкиот собраќај е нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој. Оштетено е само комбито, додека матерјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.

