
Воска се раздели со шестмина фудбалери, а е пред потпис со голманот Захов!
Оваа вест дојде изненадувачки за тие што го следат македонскиот фудбалер, со оглед што екипата од Охрид првиот дел од шампионатот го заврши на деветтата позиција со 20 бодови, само три повеќе од Брегалница и Вардар кои се на самото дно. Воска истовремено обезбеди пласман и во полуфиналето од Купот на Македонија, поради што повеќе се очекуваа нови потписи отколку откази.
Доказ дека охриѓани нема така лесно да се откажат од прволигашкиот статус е информацијата која ја пласира портал на албански јазик, која вели дека блиску до потпис е поранешниот репрезентативен голман, Костадин Захов. Тој би дошол како позајмен фудбалер на Шкендија, каде што настапува во последните осум сезони.