Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“
Економија

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

28/11/2024

AA

Мултимилијардерот Ворен Бафет во понеделникот донираше
повеќе од 1 милијарда долари, а исто така ги промени плановите за распределба
на своето богатство по неговата смрт. За се ги известил акционерите на неговата
компанија Беркшир Хатавеј со посебно писмо.

Ворен Бафет донираше акции во вредност од 1,15 милијарди
долари на добротворните фондации на неговото семејство, вклучувајќи ги и оние
што ги водат неговите деца Хауард, Питер и Сузи Бафет.

Тој потврди дека сака неговите деца постепено да ги
распределуваат сите негови акции во Беркшир, кои сочинуваат 99,5 отсто од
неговото богатство. Тој објасни дека „никогаш не сакал да создаде династија или
да се води од какви било планови кои
одат подалеку од неговите
деца“.

Така, Бафет донираше 56,6 отсто од акциите на Беркшир од
2006 година. Потоа вети дека поголемиот дел од своето богатство ќе го донира во
добротворни цели.

Тој, исто така, сподели ревидиран план за тоа кога „времето
ќе му дојде“. Нагласува дека во тестаментот за секое од
неговите три деца назначил „тројца управители на наследството“, доколку нешто
им се случи. Триото кое ќе управува со неговото богатство по неговата смрт ќе
треба едногласно да одлучи за распределбата на средствата.

„Одлуките за иднината веројатно ќе ги носат попаметни три
живи и здрави мозоци отколку една мртва рака“, ја објасни својата одлука Бафет.

Најголемиот филантроп
во историјата

Ворен Бафет е веројатно најголемиот филантроп во историјата,
оценува Форбс. За време на неговиот живот, тој донирал повеќе од 60 милијарди
долари во добротворни цели. Поголемиот дел од таа сума се 43 милијарди долари
донирани на фондацијата Гејтс со која претседава ко-основачот на Мајкрософт (уште
еден мултимилијардер) Бил Гејтс.

Последните пресметки на Форбс покажуваат дека богатството на
Бафет е 150 милијарди долари, со што „пророкот од Омаха“ стана шести најбогат
човек на светот. Бафет е двојно побогат од пред десет години. Сепак, неговото
богатство не е ниту половина од богатството на најбогатиот човек на светот,
Илон Маск (330 милијарди долари).

„Нема шанси јас или некој друг да сонуваме за богатството
што стана возможно во Америка во изминатите неколку децении“, напиша Бафет во
писмото објавено во понеделникот. „Тоа е неверојатно – ниту Форд, Карнеги,
Морган, дури ни Рокфелер не можеа да го замислат тоа. Милијардите станаа новите милиони“.

Во писмото, Бафет сподели и важни совети за планирање на
наследување кои не се однесуваат само на поединци со огромно богатство. „Кога
вашите деца се постари, нека го прочитаат вашиот тестамент пред да го
потпишете“, советува Бафет во писмото. „Не сакате вашите деца да ги доведуваат
во прашање вашите одлуки во време кога повеќе не можете да одговорите на
нивните прашања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy