
Вооружен грабеж во ГТЦ, ограбена филијала за брзи кредити
Денеска околу 16:30 часот, филијала на брз кредит во Градскиот трговски центар во Скопје била ограбена.
Според првичните информации, се работи за едно вооружено лице, кое по извршениот грабеж се дало во бегство.
Од МВР ја потврдија случката, но повеќе детали најавија да соопштат подоцна во текот на денот.
Граѓаните се повикуваат да ги следат упатствата на полицијата и да пријавуваат сомнителни активности.
