Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вонредна седница на Советот на Град Скопје за зголемување на субвенциите за ЈСП
Македонија

Вонредна седница на Советот на Град Скопје за зголемување на субвенциите за ЈСП

14/11/2023

AA

Советот на Град Скопје денеска на вонредна седница треба да гласа за предлог одлука за изменување на буџетот за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје од 440 милиони денари на 550 милиони денари, односно зголемување на субвенциите во износ од 110 милиони денари.

По гласање на оправданиста за свикувањето на седницата, Советот даде два пати пауза поради отсуството на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и продолжи по нејзиното појавување на оваа вонредна седница.

Советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обвинија дека парите се трошат, како што се рекоа, непринципиелно, со оглед на ситуацијата со јавниот превоз, притоа обвинувајќи дека јавниот превоз се наоѓа во голем хаос токму поради тоа. Тие посочија дека секогаш гласале принципиелно во врска со сите точки, и рекоа дека ќе продолжат така, но исто така нагласија дека се опозиција во Градот Скопје.

Директорот на ЈСП, Крсте Петрески, информирајќи за ситуацијата во претпријатието рече дека во моментов се располага со 326 автобуси од кои секој ден од 250 до 280 се во функција.

Градоначалничката Арсовска од друга страна, истакна дека токму поради блокадите на советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се случуваат сите препки и дека, како што кажа, токму поради нив, постигнати се само 250 проекти и покрај бројните опструкции од нивна страна, наместо можните 400 проекти. Таа ги повика нив, ако се опозиција, да дадат оставка сите членови по управните одбори во јавните претпријатија и во училиштата кои добиваат средства од градскиот буџет.

Расправата на седницата за предлог одлуката за изменување на одлуката за давање субвенции на ЈСП се уште трае.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy