Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вонреден инспекциски надзор во Болницата во Кавадарци по смртта на тригодишното дете
Македонија

Вонреден инспекциски надзор во Болницата во Кавадарци по смртта на тригодишното дете

05/06/2025

AA

Во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци денеска се спроведува вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во врска со трагичниот случај на починато тригодишно дете. Истовремено, болницата информира дека е формирана и внатрешна комисија која ќе ги испитува сите околности околу случајот.

Информацијата беше соопштена од установата откако МИА вчера побара официјален став, по реакциите на родителите на починатото дете, кои побараа истрага за евентуална лекарска грешка.

Од болницата, со соопштение до јавноста, информираат дека со голема тага ја потврдуваат смртта на детето, кое било прегледано во нивната установа, а потоа упатено кон Скопје за понатамошен третман. Детето починало на пат кон главниот град.

„Изразуваме искрено сочувство до семејството. Согласно со законската процедура, известен е надлежен јавен обвинител, издадена е наредба за обдукција со цел да се утврдат причините за смртта. Стоиме на располагање и ќе дадеме целосна поддршка на сите надлежни институции што постапуваат по случајот“, се наведува во соопштението потпишано од в.д. директорката, спец. д-р Гордана Камчева.

Формираната внатрешна комисија ќе ги анализира сите аспекти поврзани со третманот на детето, а по завршување на постапката, ќе изготви извештај кој, како што уверуваат од болницата, ќе биде споделен со јавноста транспарентно и навремено.

„Ја уверуваме јавноста дека безбедноста и здравјето на пациентите, како и транспарентноста во работењето, се наш врвен приоритет“, додаваат од болницата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy