
Волонтерите на плоштад бараат помош: Потребни се луѓе за пакување на донациите за Турција
Преку објави на социјалните мрежи, волонтерите повикуваат за помош од граѓаните за пакување на донациите, со цел тие да можат брзо да се достават до погодените региони во Турција.
Тие се наоѓаат во центарот, на самиот плоштад, а тука ќе бидат до сабота навечер, а потоа донираните работи ќе тргнат кон Турција.