
Володимир Зеленски нареди целосна проверка на засолништата за бомби во Киев
Вчера загинаа три лица кои не успеаја да влезат во засолниште за бомба при воздушен напад
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наредил целосна проверка на засолништата за бомби во главниот град Киев и низ целата земја, објави Ројтерс.
Ова го изјави Зеленски денеска на владина седница посветена на безбедноста .
Три лица загинаа вчера во Киев , меѓу кои и едно 9-годишно девојче, кое не успеа да влезе во засолниште за бомби за време на руски воздушен напад .
