
Волкановски самоуверен: Со нокаут ќе му се реванширам на Махачев (ВИДЕО)
Волкановски беше поразен од истиот ривал во февруари годинава со судиска одлука, поради што е нетрпелив да покаже дека тоа била само случајност. Затоа, најавува победа и тоа со нокаут.
„Тешко е да се изгради стратегија за ваков меч против квалитетен противник. Особено што двајцата одлично се познаваме поради што не очекуван некое изненадување во кафезот“, изјави Волкановски.
Оваа борба ќе биде дел од спектаклот УФЦ 294 закажан за 21 октомври во Обединетите Арапски Емирати, за која Александар Велики најавува жестока борба до последната капка пот.
