
Волф откри кој ќе го замени Хамилтон во тимот на Мерцедес
Станува збор за младиот Кими Антонели кој ја помина младинската академија на Мерцедес и се смета за еден од најперспективните возачи во Формула 1.
„Двајцата возачи кои ќе бидат во нашите болиди идната година ја имаат нашата поддршка. Сакам да успее проектот со Џорџ и Кими“, изјави Волф.
Антонели за два дена ќе наполни 18 години и многумина му предвидуваат блескава Ф1 иднина. Негов партнер ќе биде Џорџ Расел кој ја вози шестата сезона во Формула 1, а од 2022 година е член на Мерцедес.