Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Волците“ одбележаа 30 години од формирањето – симбол на храброст и професионализам
Македонија

„Волците“ одбележаа 30 години од формирањето – симбол на храброст и професионализам

28/02/2025

AA

Со воена свеченост, денес, во касарната „Илинден“, припадниците на Баталјонот на
специјални сили (бСС), го одбележаа 1 март – Денот на единицата, денот кога во 1994
година е формирана првата специјална, воедно и професионална единица во Армијата
позната како „Волци“.

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски во своето обраќање им се заблагодари на
припадниците на единицата за нивниот професионализам, посветеност, пожртвуваност
и патриотизам кој е инспирација и за младите кои сакаат да се приклучат на Армија.

„Вие со сето ова ја искажувате огромната љубов кон својата татковина, Македонија…
Не само што од вас зрачи професионализам, од вас зрачи подготвеност и континуирано преку секојдневните обуки сте подобри и поефикасни. Во тоа се гледа и вашата големина. Неуморно да работите на себеси и на сопствените вештини кои се во служба на безбедноста на секој еден граѓанин“, рече Мисајловски и додаде дека припадниците на специјалната единица се најдобри, најспособни, најобучени, што е потврдено при секое оценување.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски во своето
обраќање оддаде јавно признание на сите поранешни припадници за нивната работа и
придонес со кој се овозможи градење на единицата и истакна дека да се биде и остане
на врвот не е лесна задача.

„Вие сте прва единица која ги постави темелите за имплементација на НАТО
стандардите, прва единица од Армијата одликувана со орден за воени заслуги, прва
единица која своето знаење безрезервно го дели со останатите во Армијата и
партнерските држави. Да се биде прв е престиж, но да се биде прв и да се остане прв е ваша обврска и ваш аманет“, истакна генералот Лафчиски и им порача да останат
верни на професијата и искрени кон себе и кон единицата.

Командантот на Баталјонот за специјални сили потполковник Благој Наумов истакна
дека единицата составена од избрани, храбри и силни припадници е столб на
слободата, сувереноста и територијалниот интегритет и дека била и ќе остане расадник на квалитетни кадри за што покажува и фактот дека од неа се произлезени многу команданти, генерали, функционери и лидери на раководни позиции.

„Продолживме по патот што беше започнат од нашите претходници, се надоградуваме,
се усовршуваме и сега може да се каже дека гордо стоиме рамо до рамо со нашите
НАТО партнери, притоа чувајќи ги вистинските национални вредности“, рече
потполковник Наумов.

На денешната свеченост бСС додели плакета за 30-годишна соработка со Армијата на
САД на Канцеларијата за соработка во одбраната на САД (ODC), како и плакети на министерот за одбрана и НГШ на Армијата. По повод Денот на единицата беа доделени и стимулативни мерки за припадниците на единицата кои постигнале особени резултати во работата во изминатиот период.

На свеченоста присуствуваа и заменик-началникот на Генералштабот на Армијата,
генерал-мајор Азим Нуредин, генерали од Армијата, поранешни команданти на
единицата, команданти на единците од МВР и други гости.

Во пресрет на одбележување на Денот на единицата, припадниците на бСС заедно со
припадниците на САЕ „Тигар“ реализираа крводарителска и хуманитарна акција,
покажувајќи ја својата хуманост и солидарност на дело.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy