
ВОЕН АНАЛИТИЧАР – „УПОТРЕБЕН Е „ЗВУЧЕН ТОП“, оружје кое го поседува српскиот безбедносен систем“
Звукот што го
прекина петнаесетминутниот молк на денешниот студентски протест и предизвика
паника кај насобраните е звучно оружје или „звучен топ“ во сопственост на
безбедносниот систем на Србија, изјави за Н1 Александар Радиќ, воен аналитичар.
Радиќ наведува
дека се работи за американско несмртоносно, агресивно, звучно оружје кое има за
цел да оневозможи цел, односно да служи како уред за онеспособување.
„Најголемиот
проблем на вечерашниот настан е – на кого му текнало да употреби вакво оружје?
Во ситуација кога сите демонстранти беа мирни, кога се пренесуваше
петнаесетминутната порака до жртвите, беше употребено оружје. „Единствената цел
на овој чин е брутално прикажување на сила, доказ за ароганција, а мотивот е
омраза кон сопствениот народ“, изјави Радиќ за порталот N1.
Koju ste tehnologiju koristili i sta je bio cilj ove intervencije?
Pustite ton naglas i odgledajte do kraja.
Ovo je strasnopic.twitter.com/pMUtz3kvB2— Alef Pendule (@alef_pendule) March 15, 2025
Тој вели дека со „звучниот
топ“ веќе неколку години е опремен безбедносниот систем на Србија.
И пратеникот
Здравко Понош наведува дека според информациите што ги добил се работи за звучно
оружје.
„Реакцијата на
толпата, дека се чувствуваат како нешто да поминало покрај нив, е резултат на
употребата на звук, со цел да ги исплаши“, вели Понош.
Тој исто така
објасни дека освен што предизвикува паника, овој тип на оружје може да се
користи на повеќе начини.
„Употребата на
ова оружје може да биде штетна и по здравјето, а тоа што се користело додека се
траеше молкот во чест на жртвите, е целосен скандал“, вели Здравко Понош.