Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВОДА ВРЕДНА КАКО ЗЛАТО, ОД ПОЛНЕЊЕ ДОБРО СЕ ЖИВЕЕ – како „Пелистерка“ оствари чист профит од половина милион евра
Економија

ВОДА ВРЕДНА КАКО ЗЛАТО, ОД ПОЛНЕЊЕ ДОБРО СЕ ЖИВЕЕ – како „Пелистерка“ оствари чист профит од половина милион евра

03/11/2023

AA

Одлично се живее и се заработува од
полнење на вода и производство на освежителни пијалоци. Тоа барем го покажа
Билансот на успех на битолската компанија „Пелистерка“, која за првите три
квартали од годинава прикажа трикратно зголемување на добивката, или за близу
200 проценти.

Имено, во периодот од јануари заклучно
со септември оваа година, ова битолско акционерско друштво остварило чиста
добивка од 484 илјади евра, што е заголемување за 195 отсто во однос на истиот
период лани.

Компанијата освен своите финансики извештаи до Берзата нема доставено и
образложение за својот деловен резултат, па затоа треба да се разгледаат
поединечните ставки од Билансот на успех на ова битолско претпријатие.

Во првите девет месеци од годинава
„Пелистерка“ наплатила од оперативни приходи 5,33 милиони евра, што всушност се
приходи од основната дејност на компанијата. Во однос на истиот период лани,
тие се зголемени за 6 проценти.

Речиси сите овие пари се наплатени
како приходи од продажба, и притоа треба да се има предвид дека најголемиот дел
од продажбите и приходите се остварени на домашниот пазар, односно од домашните
потрошувачи. Тие и донеле на компанијата прилив од 4,63 милиони евра, а во
однос на истиот период лани тоа е зголемување за четири проценти.

Иако се значајно помали како сума,
приходите од продажба на странски пазар имаат голем пораст. Или, тие и донеле
на компанијата прилив од 692 илјади евра, што е зголемување за 21 отсто во
однос на истиот период лани.

Кај другите приходи кои се и значително пониски како ставка, има значително
намалување.

Расходната страна пак, покажува
намалување во однос на истиот период лани, и тоа за 11 проценти, односно
остварени се оперативни расходи на сума од околу 4 милиони евра.

Најголемата трошочна ставка отпаѓа на трошоците за суровини и други
материјали, кои биле на износ од 2,26 милиони евра, но и кај нив во однос на
истиот период лани има намалување за 15 проценти.

Останатите трошоци од работењето, пак, се зголемени за 30 отсто.

Компанијата во анализираниот период
ги намалила трошоците за своите врабнотени, за кои за плати и надоместоци
исплатила 552 илјади евра, што е снижување за двет проценти.

Како резултат на основното работење,
„Пелистерка“ прикажала силна оперативна добивка од дури 1,1 милиони евра, и што
е огромен пораст за 229 отсто или за повеќе опд трикратно во однос на истиолт
период минатата година.

Но, она што крајната добивка ја
намалува е фактот што во анализираниот период не се остварени воопшто
финансиски приходи, додека финансиски расходи имало и тоа на значајна сума од
551 илјади евра, што е неколкукратно поголема сума во однос на истиот период
лани.

Тоа ја намалило и добивката од редовното работење, а со пресметаниот данок,
нето добивката на компанијата или профитот бил на ниво од 484 илјади евра, што
е сепак одличен пораст од дури 195 проценти во однос на истиот период лани.

Како што стои во описот, во рамките на предметот на работењето приоритетна дејност на друштвото е производство на освежителни пијалоци; производство на минерална вода и друга флаширана вода. Покрај производството на освежителни пијалоци, минерална вода и друга флаширана вода Пелистерка АД Скопје е регистрирано и за вршење на повеќе други дејности согласно статутот на друштвото, се вели во описот на Берзата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy