Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВОА: Според американски аналитичари и политичари, руската инвазија го загрозува Западен Балкан
Македонија

ВОА: Според американски аналитичари и политичари, руската инвазија го загрозува Западен Балкан

24/02/2023

AA

Во пресрет на првата годишнина од руската агресија врз Украина, американски претставници и аналитичари изразуваат загриженост за последиците за земјите од Западен Балкан, за што, американските власти предупредуваат уште од почетокот на таа агресија, имајќи предвид дека регионот е една од најранливите области на која треба да се посвети посебно внимание, јави Гласот на Америка (ВОА)

Како две најголеми причини за загриженост, соговорниците на ВоА ги посочија односите меѓу Белград и Приштина и настаните во Босна и Херцеговина.

– Видовме опасно зголемување на етничките тензии на Западен Балкан, вклучително и многу вознемирувачки закани за отцепување од корумпираните политичари како Милорад Додик. Русија сака да види хаос во регионот, а Москва и нејзините полномошници ги поддржуваат тие закани, рече американската конгресменка Ен Вагнер, која во новиот состав на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом ја извршува функцијата заменик-претседател од редот на републиканците.

Скот Калинен, виш советник на непрофитната организација „Заедно за Украина“, кој осум години работеше во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом, вели дека Русија се обидува да ги разгори проблемите на Западен Балкан, кои поради поделбите и конфликтите, потешко се спротивставуваат на надворешниот економски и политички притисок.

– Руската влада низ Европа беше многу добра во користењето на етно-национализмот, малите и историски спорови и проблеми поврзани со религијата, јазикот или националноста. Тие не секогаш ги создаваат, туку ги шират и ги искористуваат, рече Калинин.

Од Стејт департментот за Гласот на Америка изјавија дека „руската војна разјасни колку е итна работата да им се помогне на сите земји од Западен Балкан целосно да ги унапредат демократските реформи и да ги постигнат своите аспирации за интеграција во европските и евроатлантските институции“.

Во писмениот одговор на прашањето на ВОА, неименуван портпарол на Стејт департментот рече дека земјите од регионот постигнале напредок, но дека има уште многу незавршени работи.

Се додава дека слободните и независни медиуми се централни за овие цели, така што САД ќе продолжат тесно да соработуваат со медиумите и групите за застапување.

„Ендемската корупција го ослабува регионот, го забрзува одливот на мозоци и ѝ користи на малигната Русија“, рече портпаролот на американската дипломатија.

Тој додаде дека сите европски земји „вклучувајќи го и Западен Балкан имаат голем удел во исходот на руската војна против Украина, која ги загрозува темелите на воспоставениот меѓународен поредок и безбедност“.

– Затоа е од клучно значење да продолжиме да стоиме заедно против оваа невидена агресија, рече портпаролот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЖД И СНЕГ Циклон носи обилни врнежи,

25/01/2026
Македонија

СО 3,15 ПРОМИЛИ УДРИЛ ВО ОБЈЕКТ И ПОБЕГНАЛ Пет лица

25/01/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ПРЕДИЗВИКА ХАОС Пешак се бори за живот

25/01/2026
Македонија

НА ВЛАСТ ДРУГАРУВАА ЗА КРИМИНАЛНИ ШЕМИ, А СЕГА СЕ ПРОТИВ

25/01/2026
Македонија

УДРИЛ ВО ПИЈАН ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Повредениот имал 1,69 промили

25/01/2026
Македонија

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили

25/01/2026
Македонија

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана

25/01/2026
Македонија

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40604
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Катар го осуди иранскиот ракетен напад врз американска база

23/06/2025

Катар остро го осуди иранскиот ракетен напад врз американската воздухопловна база Ал-Удеид, оценувајќи го како груби кршење на суверенитетот и

Иран нападна американски бази во Катар и во Ирак

23/06/2025

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy