
ВО ЖИВО ОД СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“
Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Покрај обвинетите, присутни се и роднини на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претставници на обвинителството, на одбраната, новинари.
Следењето на судењето продолжува, а јавноста може да добива информации во реално време за текот на процесот и новите детали кои се изнесуваат пред судот.

