Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во завршна фаза преговорите за новото владино мнозинство
Македонија

Во завршна фаза преговорите за новото владино мнозинство

08/02/2023

AA

Пред објавување на конечниот договор околу проширувањето на владиното мнозинство, лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски ќе одржи средба со претставници на сегашните коалициски партнери на која ќе ги информира што е договорено за влез на Алијансата за Албанците во Владата, дознава МИА од партиски извори.

Премиерот Ковачевски на средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши се очекува да го информира за текот на преговорите со Алијансата за Албанците за влез во Владата, како и за понудата за останување на партијата во владиното мнозинство.


Министерот за здравство и потпретседател на Алтернатива, Беким Сали денеска изјави дека партијата се уште нема добиено „конкретен предлог на маса“ за нејзините позиции во идната влада, додавајќи дека немаат информација за тоа што би добила на Алијансата за Албанците за приклучување кон парламентарното мнозинство, па затоа и не може да коментира кои се позициите на Алтернатива.

По средбата со актуелните коалициски партнери премиерот Ковачевски треба да има средба и со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, со цел конечно да се прецизираат ресорите со кои ќе раководи партијата како нов владин партнер.


Според извори од Алијансата за Албанците конечниот договор за приклучување на партијата кон парламентарното мнозинство би требало да финализиран најдоцна до утре, бидејќи од петок Таравари заминува на службено патување.

Премиерот Ковачевски вчера изјави дека изминатите денови е постигнат „добар прогрес“ во преговорите со Алијансата за Албанците во делот на програмските определби и кадровското екипирање.


– Разговорите се водат во навистина добар дух и во атмосфера на постигнување на договор со цел државата да има мнозинство во Парламентот што има единствен став во однос на интеграцијата на државата во Европската унија и придржување кон сите меѓународни норми за кои што веќе сме пример во регионот, истакна Ковачевски, потенцирајќи дека целта на разговорите е проширување на европскиот капацитет на владината коалиција.

Според него, генерално во разговорите со Алијансата за Албанците немало проблем околу распределба на раководните места во институциите, туку се разговара за преземање на одговорност во рамки на кадровскиот потенцијал на секој коалициски партнер и во делот на учество во владиното мнозинство.

Во однос на коалициската соработка со Алтернатива, Ковачевски истакна дека оваа партија е значен партнер на Владата за која имам исклучително високо мислење, како и за сите владини партнери.

– Во текот на денешниот и на утрешниот ден ќе имаме преговори со Алтернатива. Се надевам дека ќе може да се постигне позитивен исход од тие разговори, со цел сите заедно да може да продолжиме со градење на коалиција што се залага за европска Македонија и ќе обезбеди влез на Северна Македонија во Европската унија до 2030 година, порача Ковачевски.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Таравари вчера изјави дека преговорите за влез на неговата партија во владината коалиција се при крај и најверојатно ќе завршат до денеска, нагласувајќи дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“.

Околу распределбата на министерските ресори и директорските места, Таравари рече дека за тоа се уште разговара и затоа не би било коректно да зборува за ова прашање додека се уште се водат меѓупартиски консултации на владините коалициски партнери.

На почетокот на февруари извори од Алијанса за Албанците за МИА информираа дека партијата е заинтересира при евентуален влез во Владата да ги добие министерствата за правда и за здравство.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy