
ВО ЗАГРЕБ ПРОБИЕН ЗВУЧНИОТ ЗИД: Градот грмеше, граѓаните вознемирени од силен тресок
Во 12 часот и 43
минути силно грмеше во Загреб. Силен тресок се слушна речиси во сите делови на
градот.
Се чини дека
станува збор за пробивање на звучната бариера. Загрепчани од поширокиот центар
и источниот дел јавуваат дека звукот бил посилен од вообичаеното.
Утринава
Министерството за одбрана најави пробивање на звучниот ѕид
„При реализација
на планираните летови и поради пробивање на звучната бариера се очекува
краткорочно зголемена бучава, а од граѓаните бараме трпение и разбирање. Во среда,
на 26 април, од 10 до 16 часот и во четврток, 27 април, од 10 до 16 часот, се спроведуваат
редовни летачки активности при кои може да се очекува пробивање на звучната
бариера. Хрватските воздухопловни сили ги спроведуваат сите свои активности во
областите на пропишаните зони на летот во согласност со прописите и правилата
со кои се уредува користењето на воздушниот простор во Република Хрватска.
Предвиден е пробен лет при кој се очекува да ја пробие звучната бариера во
областа Загребачка, Бјеловар-Билогорска, Копривничка-Крижевачка,
Пожешка-Славонска, Осиек-Барањска, Вировитица-Подравска на надморска височина
од 10.000 до 1. метри, со почитување на сите безбедносни мерки. При реализација
на планираниот лет и како резултат на пробивање на звучната бариера се очекува
краткорочно зголемена бучава, а од граѓаните бараме трпение и разбирање“, соопштија
од Министерството за одбрана, пренесува Индекс. хр
ФОТО: YouTube/Print Screen
