Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Врховниот суд јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања
Магазин

Во Врховниот суд јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања

13/03/2024

AA

Во Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска.

Како што информираа од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, пред Врховниот суд на Република Северна Македонија, оформен е предметот по жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, изјавена против решението за продолжување на мерката притвор.

– Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по предлогот на осомничениот, истакнат во жалбата изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, закажа јавна седница за ден 13.03.2024 година, со почеток во 12:00 часот во судницата на 1-ви кат во Врховниот суд на Република Северна Македонија, посочија од Врховниот суд. 

Жалбата до Врховен суд следува по одлуката на Апелациониот суд Скопје кој го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Според Апелација, жалбата е неоснована.

Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител Судот вчера беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството.

На Димовски му се определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИЗБЕЗУМЕН КУМАНОВЕЦ ТРГНАЛ ДА ЈА ЗАПАЛИ СВОЈАТА ЌЕРКА СОСЕ КУЌА!?

27/11/2026
Македонија

СЕ РОДИЛЕ 4.160 БЕБИЊА, А УМРЕЛЕ 4.807 ЛИЦА Негативен природен

27/11/2026
Македонија

САРА ДОЈДЕ ПО ПРАВДА СО МОДРИЦИ НА ЛИЦЕТО Корабоски не

27/11/2026
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ИНЦИДЕНТИ НА ПРОСЛАВИТЕ НА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО

27/11/2026
Македонија

НЕ САКААТ ПОЛИТИЧКИ МРШОЈАДЦИ, ПАРАЗИТИ И ПРОФИТЕРИ НА ПРОТЕСТИТЕ „Ниту

27/11/2026
Македонија

ОСУДЕН КОЧАНЕЦОТ КОЈ ИЗБЕГА ОД ПРОЗОРЕЦ ОД ПОЛИЦИЈА „Цуната“ призна

27/11/2026
Македонија

ОСУДЕН КОЧАНЕЦОТ КОЈ ИЗБЕГА ОД ПРОЗОР ОД ПОЛИЦИЈА „Цуната“ призна

27/11/2026
Македонија

РОКАС ПРИЗНА ДЕКА ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ МОЖАТ ДА ИЗНЕНАДАТ СО

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46960
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЗБЕЗУМЕН КУМАНОВЕЦ ТРГНАЛ ДА ЈА ЗАПАЛИ СВОЈАТА ЌЕРКА СОСЕ КУЌА!? Ја полил нејзината соба со

27/11/2026

Кривична пријава е поднесена против маж од Куманово, осомничен дека ѝ се заканувал на својата ќерка дека ќе ја запали

СЕ РОДИЛЕ 4.160 БЕБИЊА, А УМРЕЛЕ 4.807 ЛИЦА Негативен природен прираст и во третото тримесечје

27/11/2026

Во третото тримесечје од 2026 година во Македонија се родени 4.160 живородени деца, а бројката е помала за 4,8 проценти

САРА ДОЈДЕ ПО ПРАВДА СО МОДРИЦИ НА ЛИЦЕТО Корабоски не се појави, побара изземање на

27/11/2026

Судењето за случајот со претепаната Сара Ѓорѓиевска денеска не започна во Основниот суд во Охрид. Обвинетиот Кристијан Корабоски не се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy