Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Владата нема најавено присуство на бугарска делегација – Ковачевски повика Делчев да се чествува мирно и достоинствено
Македонија

Во Владата нема најавено присуство на бугарска делегација – Ковачевски повика Делчев да се чествува мирно и достоинствено

03/02/2023

AA

Владата не добила најава дека делегација од Бугарија ќе присуствува утре на одбележувањето 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, соопшти премиерот Димитар Ковачевски кој апелираше чествувањето во црквата „Св.Спас“ да биде мирно и достоинствено и дека за тоа е задолжено Министерството за внатрешни работи.

До овој момент од Кабинетот на премиерот на Бугарија јас немам најава за официјална бугарска делегација којашто би положила цвеќе. Исто така, кажа и министерот за внатрешни – секој оној кој е добронамерен, официјална државна институција кои сакаат да се поклонат на гробот на великанот на македонската национална борба тука, во Скопје, на достоинствен начин, слободно може да го најават своето учество. Сите оние коишто се недобронамерни, коишто се провокатори, коишто го негираат македонскиот народ, коишто ја негираат македонската држава, коишто ги нарушуваат чувствата на Македонците и на другите граѓани тие нема да влезат во државата, рече Ковачевски.

Посочи дека согласно со заклучоците од Советот за безбедност кај претседателот на државата и согласно со одлуките на Владата, МВР е задолжено да обезбеди мирно и достоинствено чествување на годишнината од раѓањето на, како што рече, најголемиот борец за независна македонска држава – Гоце Делчев.

-Согласно со тоа, согласно со закон и согласно со процедурите во МВР, министерот за внатрешни работи веќе во неколку наврати информираше дека МВР ќе ги преземе сите потребни мерки со цел овој настан да помине достоинствено и во најмирна атмосфера. Тоа значи дека ќе бидат спроведени сите процедури коишто се согласно закон и согласно процедурите во МВР да оние коишто ќе положат цвеќе преку своите пријавени делегации тоа да можат да го направат на најдостоинствен начин, истакна претседателот на Владата.

Апелираше дека „сите треба да бидеме обединети, сите треба да бидеме горди и сите треба заедно да покажеме достојна почит на великанот на македонската револуционерна борба“ и дека „МВР и Владата тоа ќе го овозможат“.

-Исто така, сакам да апелирам сите оние здруженија, патриотски итн. коишто сакаат овој настан да го искористат за провокации, исто како што во минатиот период имавме провокации од поединци и од групи, само со цел да се нарушат односите и атмосферата во државата и односите со соседни држави, треба да се воздржат и да не користат вакви настани за да креираат несакани ефекти во нашето општество. Огромното мнозинство на нашите граѓани сака достоинствено и мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев, и не смее и МВР нема да дозволи, поединци и вакви групи тоа да им го оневозможат на нашите граѓани, порача Ковачевски.

Секој странски државјанин за кој, како што рече, МВР има информации од соодветните безбедносни служби дека е лице коешто со влезот во државата може да ја наруши националната безбедност, владеењето на правото, јавното здравје или меѓународните односи на државата, согласно со Законот за странци нема да биде пропуштен во државата.

-Тие одлуки се носат согласно Закон за странци, согласно информациите со коишто располага МВР, се носат на денот на настанот и во деновите пред настанот. Можете да видите дека МВР уште од вчерашниот ден ги презема потребните активности, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy