Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО ВИНОТО Е ВИСТИНАТА: КОЈ ПЛАТИ 566 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПАКЕТ ОД 2,2 ОТСТО – блок трансакција со популарната винарска визба
Економија

ВО ВИНОТО Е ВИСТИНАТА: КОЈ ПЛАТИ 566 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПАКЕТ ОД 2,2 ОТСТО – блок трансакција со популарната винарска визба

07/03/2024

AA

По подолг период,
една од нашите најуспешни компании, винарската визба „Тиквеш“, а која има јасно
дефиниран доминантен сопственик, односно М-6 на бизнисменот Светозар Јаневски,
станува навистина интересна за инвеститорската јавност.

Имено, во текот
на вчерашниот ден, некој преку берзанска блок трансакција купи 2,2 проценти од
вкупниот акционерски капитал на оваа компанија, плаќајќи за нив сума од 566
илјади евра.

Солидна сума, но
и солиден пакет акции беше продаден вчера на познат купувач преку блок трансакцијата,
што предизвикува внимание ако се има предвид дека мнозински и единствен голем
сопственик во тоа акционерско друштво е трговското друштво за инжинеринг и
услуги во прометот М-6 ДОО Скопје, каде, пак, доминантна улога има познатиот
македонски бизнисмен Светозар Јаневски.

Како што може да
се види од Централниот депозитар за хартии од вредност, според последната
состојба од понеделникот оваа недела, друштвото М-6 поседувало 80,08 отсто од
акциите на винарската визба „Тиквеш“.

Оваа компанија
има и други акционери, но никој од нив нема пакет од над 5 отсто, колку што е
услов за да биде видливо неговото акционерско присуство во компанијата.

Но, затоа
компанијата има уште 434 акционери домашни физички лица, кои вкупно поседуваат
14,32 отсто од акциите на визбата, без притоа да се види кои се и со колкави
пакети акции располагале.

Исто така, покрај
ДОО М-6, во „Тиквеш“ се поситни акционери уште девет правни лица, односно
фирми, кои располагаат со вкупно 6,36 проценти од акциите на компанијата.

Состојбата на
ЦДХВ покажува и дека компанијата има и седум странски акционери, но тие имаат
минорни и незначителни акционерски количини.

На ваквата
досегашна акционерска структура некој купил вчера 2,21 процент од вкупните
акции на компанијата, и за тоа платил сума од 566 илјади евра.

Дали тоа е
доминатниот сопственик кој можеби решил да го зголеми својот капитал, дали е тоа некој
од акционерите физички или правни лица кој одлучил да ја зајакне својата акционерска позиција во оваа успешна компанија, засега не е познато. Тоа можеби ќе може, но и не мора да се види во понеделник, кога депозитарот ќе ја објави новата состојба,
бидејќи ќе зависи исклучиво од фактот дали и некој друг акционер ќе ги
надмине потребните 5 проценти.

Да видиме што се
случувало на вчерашната трансдакција. Имено, продадена е количина од 5.980
акции, што е рамно на 2,21 отсто од капиталот, а постигнатата цена за акција е
5.820 денари, или сумата е 566 илјади евра.

Постигнатата цена
по акција е пониска од онаа која била просечна на последното тргување кое се
случило со оваа акција на 27 февруари годинава, и која изнесувала 6.152 денари, и токму на тој ден била истргувана и голема количина акции, односно 141 акција
на оваа компанија.

Инаку, Билансот
на успех на компанијата за минатата година покажа дека таа заврши со
фантастична добивка од 4,4 милиони евра.

Винарската визба
„Тиквеш“ од продажбата на нејзините квалитетни вина минатата година инкасирала
приходи од одлични 51 милиони евра, што е раст за 16 отсто, а податоците
говорат дека иако се приближно изедначени, поголеми количини вино одат кај
странските купувачи, во споредба со домашниот пазар.

А, компанијата објави и дека лани, за работењето во 2022 година не беа исплатени дивиденди, односно дека целокупната
добивка била реинвестирана.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy