Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Велика Британија усвоен закон со кој им се забранува на азилантите да пристигнуваат во земјата со мали чамци
Македонија

Во Велика Британија усвоен закон со кој им се забранува на азилантите да пристигнуваат во земјата со мали чамци

07/03/2023

AA

Британската Влада денеска објави детали од новиот закон со кој на барателите на азил им се забранува влез во земјата со помош на мали чамци.

Според новиот закон, секој што ќе пристигне со мали чамци нема да може да бара азил и ќе биде депортиран во таканаречените безбедни трети земји, објави Скај Њуз.

Мерката ја осудија хуманитарни организации кои им помагаат на бегалците, тврдејќи дека може да криминализира илјадници бегалци.

Премиерот Риши Сунак го нарече запирање на пристигнувањето на бродови како еден од петте клучни приоритети на неговата влада, откако бројот на мигранти кои пристигнаа на јужниот брег на Англија минатата година се искачи на повеќе од 45.000, а околу 90 отсто побараа азил.

-Тие нема да престанат да доаѓаат овде додека светот не дознае дека ако нелегално влезете во Британија, ќе бидете притворени и брзо вратени назад. Овој закон дозволува илегалците да бидат притворени без кауција или судска ревизија во првите 28 дена од притворот до нивното заминување, изјави британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман.

Добротворната организација Совет за бегалци соопшти дека десетици илјади вистински бегалци на кои претходно им бил одобрен азил ќе бидат „затворени како криминалци“, што ќе ги „урниса“ обврските на Велика Британија согласно Конвенцијата на ОН за бегалци, додека Браверман тврди дека законот е компатибилен со меѓународните обврски.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон минатата година договори испраќање на десетици илјади мигранти во Руанда, која е оддалечена повеќе од 6.400 километри од Британија, а Европскиот суд за човекови права ја блокираше депортацијата непосредно пред да полета првиот авион со бегалци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy