
Во Јуве не се задоволни со новата казна и да не играат во ЛШ – Алегри и Влаховиќ остануваат!
Денеска Федералниот апелационен суд донесе одлука за казна од минус десет бода на Јувентус, поради што паднаа од позициите кои водат во Лигата на шампионите.
„Првичните импресии се негативни, не сме задоволни со казната. Но рано е да коментираме, ќе излеземе со официјално соопштение наскоро“, вели Калво.
И покрај тоа што Јувентус не игра како што посакуваат фановите, клубот планира да остане со Алегри и во наредната сезона.
„Имаме голема доверба во Алегри. Со него ја градиме иднината, и нема сомнеж во тоа. Работиме со него да се вратиме на победничките патеки. Имаме уште три важни натпревари со кои ќе се одлучи каде ќе играме следната сезона и тоа ќе има влијание на нашата трансфер стратегија“.
Тој потврди и дека Влаховиќ останува во тимот и покрај шпекулациите за негово заминување.
„Гласините не се нешто кое можеме да го контролираме, но трансфер пазарот се уште не е отворен. Душан не е на продажба. Ние сме задоволни со него иако секој во животот може подобро“.
