Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во уреди за домаќинство вложивме над 170 милиони евра! Кои се лидери во продажба на уреди за домаќинство?
Економија

Во уреди за домаќинство вложивме над 170 милиони евра! Кои се лидери во продажба на уреди за домаќинство?

25/05/2023

AA

Многу работа за малку пари, но важно е да се задоволни купувачите. Ова би бил логичен заклучок кога ќе се вкрстат параметрите за обемот на продажба, заработката и продуктивноста кај наголемите ланци за продажба на апарати за домаќинство и бела техника. На пазарот на големите ланци за бела техника и „гаџети за по дома“ нема промени ама бројките покажуваат дека кризата, високите цени, цената на енергијата и неизвесната достава го земаа данокот. А продажбата на агрегатно ниво лани е нијанса е пониска од 2021 година…

Телевизори со рамен екран, компјутери, таблети, „паметни“ машини за перење и сушење, шпорети со рамни плочи, еколошки и штедливи фрижидери, клима уреди и инвертери, мали слатки „гаџети“ за модерни домаќинки… и што уште не. И сето тоа маркетиншки спакувано како штедливи уреди кои се грижат вашиот семеен буџет. И во годинава што измина бевме ревносни купувачи, направивме промет поголем од 170 милиони евра за нашите омилени или најпотребни уреди за домаќинството. Но, податоците покажуваат дека големите трговски ланци специјализирани за продажба на овие уреди беа погодени од глобалната економска неизвесност.

„Нептун“ останува лидер на пазарот од аспект на остварените приходи. Сетек е цврст на втората позиција, а е лидер според остварена добивка. Најефикасен е најмалиот – кумановски Алфи Би затоа што кај оваа компанија како добивка остануваат 7 отсто од приходот од продажба. Приходот кај сите нив е „статус кво“ или речиси ист како претходната година, иако всушност е незначително намален.

Кај оваа услужна индустрија е забележетелно негативното влијание на глобалната економска незивесност, зголемените влезни трошоци и поскапената логистика и зголемените трошоци за работење. Ова се во најкратки црти клучните работи за дејноста во која уживаме сите ние, затоа што нема човек кој не сака да ужива и одбира „гаџети за по дома“ во продавница за уреди за домаќинството.

Темата е изработена врз основа на податоци од Централен регистар на Македонија

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy