
ВО УЧИЛИШТЕ ВО СРБИЈА: Се урна таван, повреди ученичка
Се урна таванот во среднo училиште во Бечеј во Србија, a ученичка е полесно повредена.
Таванот во средното училиште во Бечеј, Србија, се урна за време на часот, јави Н1.
Според неофицијални информации, парче од таванот паднало врз раката на една ученичка, а двајца други ученици се изгребани. Според еден од сведоците, ученичката чија рака била повредена е транспортирана со амбулантно возило во Нови Сад.
Откако се случил инцидентот, училиштето е евакуирано. Кризниот тим на училиштето заседава, собирајќи ги сите информации, а потоа ќе ја информира јавноста за инцидентот.
Слични инциденти имаше и претходно. Се оштети таван на селска амбуланта, нозете на една девојка пропаднаа во подот на Правниот факултет во Белград, а на 1 ноември лани во Нови Сад се урна натстрешница и уби 15 луѓе, а потоа бројот на жртви се зголеми на 16. Имаше и повредени.

