Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ ШТО СЕДАТ НА ДВЕ СТОЛЧИЊА Филипче рече дека СДСМ се разбудил и ќе оди да ја разбуди Македонија
Македонија

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ ШТО СЕДАТ НА ДВЕ СТОЛЧИЊА Филипче рече дека СДСМ се разбудил и ќе оди да ја разбуди Македонија

24/01/2026

AA

Вратите на СДСМ се отворени за секој чесен човек. Но нема место за тројански коњи, за оние што седат на две столици и работат за власта. Или сме заедно во оваа битка, или не сме ништо, порача лидерот на СДСМ Венко Филипче во обраќањето на денешниот партиски Конгрес што се одржува во Скопје.

– Денес ставаме точка на разединувањето. СДСМ не е пазар за пазарење функции. СДСМ е армија на вредности. Кој сака да се бори рамо до рамо со нас – добредојден е вистински, искрено, братски. Но, кој планира да нè поткопува од внатре, кој планира да биде „Тројански коњ“ на ВМРО или на некои други интересни групи – нека си замине веднаш. Немаме време за предавства. Немаме луксуз за суети. Или сме заедно во оваа битка за живот или смрт на демократијата, или не сме ништо – рече Филипче.

Тој рече дека после Конгресот партијата ќе оди на терен за да ја разбуди Македонија

– Нема седење дома. Нема пишување статуси на Фејсбук од удобни фотелји. Одиме на терен, во секој град и секое село. Не да молиме за гласови, туку да ја разбудиме Македонија. СДСМ се разбуди. А кога СДСМ е буден, тираните не спијат мирно. Пред нас е праведна борба – со знаење, чесност и срце. Затоа што иднината нема да ни биде подарена. Ќе ја освоиме заедно. Од овој момент надежта има име – СДСМ – рече Филипче.

Тој порача дека за да го победи злото надвор, партијата мора да биде силна внатре.

– Знам дека во минатото имавме турбуленции. Знам дека имаше разочарувања. Некои си заминаа, некои се вратија, а некои сè уште стојат на прагот и калкулираат – рече тој.

Според него, СДСМ е партија на борбата и на одлуките. Партија која знае како се води држава кога е најтешко. Кога другите се кријат, тие преземаат одговорност.

– Ние не сме партија создадена од гнев. Ние сме партија создадена од идејата за слобода…. Државотворност тече во вените на секој еден од нас. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е имунолошкиот одбранбен систем на оваа држава. Кога национализмот ќе почне да го јаде ткивото на општеството – ние сме лекот. Кога омразата ќе се обиде да нè скара сосед со сосед – ние сме врзното ткиво. Кога режимот ќе се обиде да ја замолчи слободната мисла – ние сме гласот што грми. Низ историјата, кога и да се спуштал мрак, кога и да владеел страв, СДСМ бил факелот што го покажувал патот кон излезот. Така беше во 90-тите, така беше во 2016 година, и така ќе биде и сега. Другите ја гледаат Македонија како плен, како територија за владеење. Ние ја гледаме како дом. И затоа денес не стојам тука само како претседател на партија, туку како човек кој со загриженост гледа како се спушта тешка оловна завеса над нашата татковина. Се враќаат духови од минатото за кои мислевме дека се победени. Ако ние, наследниците на партизаните, државниците и визионерите, не ја кренеме таа завеса, никој друг нема да го стори тоа. Ова е собир за спас на македонското достоинство и за одбрана на она што е наше – рече меѓу другото Филипче.

Тој повтори дека СДСМ нема да биде контролирана опозиција. Додаде и дека критиката не е доволна, дека е потребна визија, како и социјална држава, која, како што рече, може да ја обезбеди само СДСМ.

Фото: СДСМ

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy