Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Тирана приведен македонски државјанин, баран по тројно убиство во скопска Копаница во 2007 година!
Македонија

Во Тирана приведен македонски државјанин, баран по тројно убиство во скопска Копаница во 2007 година!

27/01/2026

AA

Државјанин на Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница за тројно убиство, е уапсен во Тирана, Албанија.

Се работи за неколкумесечна интензивна истрага и претрес спроведен од полицијата, а станува збор за 52-годишниот Бесим Ш.

Според информациите, тој долго време се криел во Тирана користејќи фалсификувани лични документи на граѓани на Косово.

Лишењето од слобода го извршила албанската Дирекција на силите за специјални операции при Одделот за криминалистичка полиција, како дел од 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативна полиција“, пренесува приштински „Репортери“.

Според наведеното, Б.Ш. е осомничен дека убил тројца граѓани со огнено оружје на 5 октомври 2007 година во селото Копаница, скопско.

За време на физичкиот претрес и претресот на станот на македонскиот државјанин, албанската полиција пронашла и запленила косовски пасош, лична карта и возачка дозвола – сите фалсификувани.

Поради кривичното дело „Фалсификување исправа“, процесните материјали се проследени до Обвинителството на Основниот суд од општа надлежност во Тирана за понатамошна постапка.

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Скопјe, ја продолжува постапката за екстрадиција на Б.Ш. во Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy