Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Тетово се одбележаа 79 години од загинувањето на 19 тетовски партизани во мавровското село Беличица
Македонија

Во Тетово се одбележаа 79 години од загинувањето на 19 тетовски партизани во мавровското село Беличица

21/09/2023

AA

Во Тетово денеска беше одбележана 79 годишнината од настаните во 1944 година кога загинале и се убиени 19 тетовски партизани. Седумнаесет од нив се убиени во масакрот во мавровското село Беличица, а двајца партизани Андреа Христоски – Шварц и Младен Симоски – Требош,кои биле заробени два дена подоцна на 21 септември се стрелани во дворот од црквата Свети Никола во Тетово.

Во дворот од оваа црква се наоѓа и нивното спомен обележје, каде секоја година се одбележува и годишнина од настаните во Беличица и Тетово, со цел да се зачува споменот на нивната борба за ослободување од фашистичката окупација.

Денеска беше извршена и панихида.

– По настаните во село Беличица кои се случија на 19 Септември 1944 се случи уште едно ѕверство од страна на фашистичките слуги на окупаторот. После невидениот масакр и палењето на селото, во борбите во селото Беличица, беа заробени и подоцна по наредба на злосторникот Џемо Хаса, пред присилно насобраните тетовци беа стрелани тројца борци од Третиот тетовски партизански одред, Андреа Христоски – Шварц, Младен Симоски – Требош, додека Сретен Тофилоски, иако ранет со девет куршуми, не им подлегнал на повредите и бил помилуван. Настаните, кои се случиле во село Беличица, треба да нè потсетуваат и истовремено да нè опоменуваат нас, но и идните генерации на црнилата на фашизмот и страдањата кои тој ги носи, изјави Јоцко Димитриевски од Сојузот на борците.

На одбележувањето покрај семејствата на партизаните, присуствуваа претставници на Сојузот на борци од Тетово, политички партии, здруженија на граѓани, ученици, жителите на Тетово и почитувачи на народноослободителната борба. Во мавровското село Беличица во 1944 година покрај партизаните, биле убиени и 17 жители на селото меѓу кои жени и деца.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy