
Во Тетово на дете му пукнала петарда во уста
Во Тетово новогодишната ноќ поминала генерално мирна и без големи инциденти.
Сепак, во ургентниот центар во Тетово се пријавиле седум граѓани, од кои тројца биле во алкохолизирана состојба, а четворица малолетници се повредени со петарди.
Едното од нив се здобило со повреда откако петарда му пукнала во устата.
Засега не е јасно како се случил инцидентот.
Во Тетово немаше новогодишно украсување со елка и светкави сијалички, а немаше ни прослава, па граѓаните мораше сами да си прават атмосфера со петарди и други пиротехники.

