
Во тек спасувачка мисија на Галичица – паднал холандски параглајдерист!
Директорот на Центарот за управување со криви Стојанче Ангелов информира дека во тек е спасувачка мисија на Галичица.
Според информациите, параглајдерист паднал на пристапен терен во месноста „Лако Сигној“ на планината Галичица и најверојатно е повреден.
Неофицијално се работи за холандски државјанин кој бил дел од група авантуристи со водич од Крушево.
Засега не се знае карактерот на повредите на параглајдеристот, а по пристигнување на спасителите на местото на несреќата ќе се врши проценка за евентуално вклучување на хеликоптер во акцијата.
Наскоро повеќе детали….
